Краен Рок: 31ви Мај, 2015 година
Отворен за:    Жени претприемчи и/или жени лидери во граѓанскиот сектор и бизнис секторот

Опис:
Македонската мрежа на ментори (МММ) преку Програмата за менторство поврзува успешни жени лидери од бизнисот со перспективни млади жени кои се на почетокот на своите кариери. Оваа иновативна, 12-месечна програма, поврзува истакнати жени во бизнисот и им помага на менторираните да го развијат својот лидерски потенцијал и воедно да изградат специфични вештини потребни да се развијат како лидери во бизнис секторот и  општеството.
Преку серија на информативни работилници, еден-на-еден менторски  сесии, жените успеваат да направат разлика во животите едни со други и да научат како да напредуваат во својата кариера. Македонската мрежа на ментори ја дизајнираше оваа програма за зголемување на учеството на жените во управувањето и во лидерските позиции во Македонија, преку комбинирање на менторството и развојот на лидерски вештини.
МММ е активна во организирањето на бизнис мрежи, вклучувајќи поединци и организации, така што ефектите од овој вид на вмрежување имаат позитивно влијание кај сопствениците на бизниси, така што го развиваат и прошируваат нивниот бизнис, стекнуваат нови контакти, врски, лобирања и поддршка.
Преку овој отворен повик, сите заинтересирани жени кои сакаат да бидат менторирани можат веднаш да аплицираат и да  направат промена во својот живот и кариера.

Кој може да аплицира:

  • Кандидатите треба да бидат жени претприемачи или жени лидери во граѓанскиот и бизнис секторот.
  • Сите документи  треба да се поднесат најдоцна до 31 мај 2015 година.
    Испратете го Вашето CV заедно со формуларот за апликација  на официјалниот мејл на МММ- info@mentoringmacedonia.org
  • Формуларот за апликација е достапен ТУКА

За сите прашања или за повеќе информации, контактирајте со организаторите на info@mentoringmacedonia.org.