Македонска Мрежа на Ментори е непрофитна организација основана од граѓани за остварување на Image titleзаеднички цели и активности во областа на менторството.

Здружението „Македонска мрежа на ментори” (МММ) од Скопје, е формирано со слободно здружување на граѓани за вршење активности во односите ментор-штитеник (менториран), користејќи го искуството и професионалноста на економски, социјални, културни, стручни, технички, образовни, спортски и други полиња, интереси и уверувања. Проектите и активностите на МММ се поддржани и финансирани од Американската амбасада во Скопје.