Кристина Тодоровиќ Николиќ е Генерален и Извршен Директор накомпанијата Тинекс МТ ДООЕЛ Image titleСкопје, најголемиот ланец на Македонски маркети,кој веќе 20 години е присутен на пазарот. Г-ѓата Тодоровиќ Николиќ е познатаамбициозна, успешна, борбена и праведна менаџерка за која се вели дека едвижечката сила на Тинекс. Таа, заедно со менаџерскиот тим во компанијата,откако е назначена за Генерален и Извршен Директор,  зад себе има остварено многу успешни проектикако што се ширење на малопродажната мрежа со нови концепти на маркети како штосе Супер маркетите Тинекс и Космо дрогериите,развивањето иусовршувањето на неколку клучни сегменти во маркетите како што се: свежо месо,готови јадења, деликатеси, пекара и пиљара, продлабочување и интензивирање накорпоративната филантропијаитн.

 

 

Daniela Dabeska is the president and the founder of Macedonian Women’s Rights Center SHELTER Image titleCENTER Skopje  founded on February 7, 2001 Up to now are the women’s rights.

Macedonian Women's Rights Centre-Shelter Centre is a leading, non-governmental, non-politic and non-profitable, advocacy and lobbying women's organization that work for affirmation, implementation and protection of women's rights in Republic of Macedonia.

Our mission is focused towards eradication of all kinds of violence against women, gender equality, fully excising human rights, integrity and fundamental freedoms of women. We believe that we are contributing to the rectification of the long-standing neglect of women's human rights in global society.

Маја Калеова Саввоукидоу е сопственик и генерален директор на „ MESSAGE “ дооел од Скопје, Image titleAгенција за консалтинг од областа за маркетинг и ПР услугите. Г-ѓа Калеова Саввоукидоу е  консултант со долгогодишно искуство во бизнис сферата, работејки заедно со тимот на MESSAGE за меѓународни и домашни клиенти во секторите како одбрана, енергетика, инфраструктура, земјоделие, туризам, прехрамбена индустрија и други. Таа е вечен претприемач и развоен менаџер, бидејки нејзиниот најголем предизвик е да се реализираат бизнис идеите на мал пазар како нашиот, но и да не се најдат креативни решенија за освојување на надворешните пазари. Нејзина потесна специјалност се комуникациите и односите со јавноста и развојните проекти. Во маркетинг сегментот има бројни остварувања во делот на стратешкиот маркетинг, брендирањето, изнаоѓање и настап на нови пазари и други активности. Своето знаење и искуство, секојдневно, несебично го пренесува на тимот и клиентите бидејки цврсто верува дека пренесеното знаење и искуство се клуч за успех и напредок.

Анита Поповска - својата професионална кариера ја започнува веднаш по завршувањето на Image titleсредното училиште и оттогаш па да до денес активно работи на повеќе проблематики од областа на економијата. Таа во моментов ја извршува позицијата на организациски директор при Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза (од 2008г.) Како организациски директор, покрај редовните координативни работи во клиниката таа соработува со Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација и истовремено ја извршува позицијата на координатор на меѓународниот проект на Глобалниот фонд за борба против ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија, којшто во земјата се имплементира од 2006 година. Од 2006 година активно е вклучена во имплементирање на здравствените реформи во Република Македонија.


Марта Наумовска-Грнарова е сопственик и генерален менаџер на Завар Компани, водечка компанија на Балканот за процесна опрема и специјалист за заварување како и креативен директор на брендот дизајнирани радијатори Завар Дизајн.

Горица Атанасова – Ѓоревска во моментов ја извршува позицијата Шеф на кабинет/Директор за Горица Атанасова – ЃоревскаПоддршка на активностите на Министерот за надворешни работи на РМ (од 2011 г.). Како Шеф на кабинетот, покрај редовните координативни работи во министерството и со домашните и странски засегнати страни, таа ја извршуваше позицијата заменик Национален координатор на македонското претседавање на Процесот за соработка на ЈИЕ во 2013 г., беше дел од тимот кој го подготви новиот Закон за надворешни работи и учествуваше во низа други проекти како воспоставувањето на новиот Институт за геостратешки истражувања и надворешна политика, во рамки на министерствити. Таа неодамна беше одликувана со високиот орден „Комендатор на редот ѕвезди на Италија," за продлабочување на македонско-италијанските односи од Италијанската Република во рамки на Претседавањето на Италија со ЕУ за 2014 г. Г-ѓа Атанасова-Ѓоревска е првата жена дипломат од Република Македонија што е добитник на ова високо признание.

Билјана Трендафилова е Магистер по менаџмент на човечки ресурси

Од Септември 2012 работи во Македонска Радио Телевизија
Image titleКако Заменик-уредник на информативна програма и уредник на економската редакција
•    Планирање на содржината на  вестите
•    Автор на економската емисија „Бизнис 365“

Претходни ангажмани

- ТВ Алфа
•    Уредник и водител на бизнис вестите на Алфа.
•    Планирање на содржината на бизнис вестите. Мојот фокус на работа како новинар се финансиите, банкарството и корпоративните теми.
•    Уредник на економската емисија „Маркет 168“